УКБ емитување фрек.,MHz предавател, моќност, RDS, (подробности)
Кичево 106.00 Кичево

  Радио Александар Македонски за прв пат започна да jа емитува своjата програма во 1995 година, во ден Илинден, втори Август, во град Кичево. Група ентузиjасти започна со конструкциjа на програмскиот а истовремено и на техничкиот дел. Работата го направиjа своето. Емитуваjќи од жанрот на народната и забавната македонска музика, задоволуваjќи ги вкусовите на македонскиот народ, 24 часа, Радио Александар Македонски по 3 години успешно работење успева технички и програмски професионално и да се надогради. Во истиот период успехот се покажува со купувањето на Радио Сонг, а од тогаш фреквенциjата се менува во 106.00 МХц. Денес Радио Александар Македонски се наоѓа и на интернет, од каде што jа проширува своjата слушаност низ целата земjина топка, работеjќи за своите сограѓани од Кичево, Македониjа, Диаспората и сите љубопитни слушатели кои ке се наjдат на 106.

  Ова е радио кое jа негува македонската песна и македонската култура. Нашата цел е многу едноставна преку Радио Александар Македонски духовно да го обединиме целиот македонски народ каде и да е во светот, а исто така добредоjдени се и сите оние кои jа сакаат Македониjа без разлика од нивната верска или национална припадност.

  Радио Александар Македонски започна со работа на 2 август 1995 година во градот Кичево. Како и секоj почеток, така и почекот на Радио Александар Македонски не беше лесен, но благодарение на ентусиjазмот на вработените и на сите граѓани на Општина Кичево, Радио Александар Македонски денес прерасна во гигант и освен подобрувањето на своjот сигнал во Кичево и неговата околина, програмата на Радио Александар Македонски може да се следи низ целиот свет преку интернет. Радио Александар Македонски е создадено од македонскиот народ и со гордост можеме да кажеме дека Радио Александар Македонски е сопственост на целиот македоски народ.

  И во иднина ќе продолжиме да работиме е надеваме дека успесите ќе се редат еден за друг. Програмата на Радио Александар Македонски се емитува 24 часа, распологаме со наjсовременна опрема како и што му прилега на едно големо радио. Програмата за Кичево се емитува од Студио 1 на Радио Александар Македонски, додека програмата наменета за слушателите преку интернет се имитува од Студиото 2. Името кое го носи ова радио е големо име за македонскиот народ и нашата историjа и затоа ние со голема почит го носиме името на големиот воjсководец Александар Македонски, сакаjќи овоjпат светот да го освоиме во песна.

  Секогаш кога ќе jа следите програмата на Радио Александар Македонски треба да бидете расположени и ведри, и да знаете дека вработените во Радио Александар Македонски своjата работа jа роботат професионално и од срце.

    Радио кое никогаш нема да го изневери македонскиот народ!

  Кичево 6250, улица Ѓорче Петров 18
  телефон: (+389) 045/ 220 055, 224 255, 228 781
  факс: (+389) 045/ 224 256
  SMS пораки на: (+389) 070/ 145 181
  e-mail: info@radioaleksandarmakedonski.com.mk, contact@radioaleksandarmakedonski.com.mk
  web-site: www.radioaleksandarmakedonski.com.mk
Аудио сигнали на Радио Александар Македонски
am_106.mp3 214 KB  
am_d1.mp3 136 KB  
am_del.mp3 64 KB  
am_falanga.mp3 126 KB   (Със същата музика: bTV Репортерите)
am_garda.mp3 156 KB   (Със същата музика: bTV Репортерите)
am_funky.mp3 186 KB  
am_golemko.mp3 94 KB  
am_j1.mp3 64 KB  
am_j2.mp3 40 KB  
am_chas1.mp3 24 KB  
am_chas2.mp3 110 KB  
am_ljubovnik.mp3 152 KB  
am_ova1.mp3 34 KB  
am_ova2.mp3 50 KB